Оглас за Пожарникари во Прилеп: Се бараат 30 сe пријавиле само 6
Актуелно

Оглас за Пожарникари во Прилеп: Се бараат 30 сe пријавиле само 6

22. 07. 2025.

Прилепските пожарникари од огнените стихии штитат најголема територија во земјава. Ама на гласот за 30 нови, се јавиле само неколкумина. Каде е проблемот?

Прилепската противпожарна единица од пожари штити најголема територија во земјава. Ама ќе почека на потребните пожарникари. Огласот за петмесечно времено ангажирање на 30 нови заштитници од огнените стихии е пролонгиран до среда. На барањето за 30 нови, се јавиле пет-шест кандидати.

Прилепската единица се бори со пожарите, но и со застарената опрема и потребата од нови заштитници од огнените стихии.

Граѓаните веднаш го детектираат проблемот. А долгорочен проблем е и отсуството на пошумување. Не е проблем обуката – ќе ја добијат со ангажманот.

Работата пожарникар е одговорна, ама бара и соодветна валоризација.

Извор МТВ