Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11 јуни 2026 година, во четврток, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на целото подрачје на градот.
Од Град Скопје посочуваат дека акцијата е дел од редовните мерки за заштита на јавното здравје и намалување на бројноста на комарците во летниот период.
„Доколку временските услови не дозволат реализација на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин“, информираат од Град Скопје.
Оттаму упатија и апел до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, со цел да се избегнат евентуални штети.
Извор:plusinfo.mk
