Тим билдингот, кој што беше организиран на почетокот на месец јуни 2025, сè уште се раскажува во компанијата. Како што напоменавме, 35 колеги, заедно со менаџментот, имаа можност да бидат дел од овој настан и да поминат заеднички викенд во Маврово, каде, освен забава, вработените работеа и на зајакнување на тимскиот дух. Овој тим билдинг изобилуваше со низа внимателно организирани активности – вработените работеа на унапредување на комуникацијата, тимската работа и меѓусебната поврзаност. Целиот настан беше проследен со позитивна енергија – колегите беа мотивирани, расположени и подготвени за тимски предизвици. Атмосферата беше поттикната со различни игри и активности, а вечерната караоке-забава беше вистински хит. Настанот заврши со заеднички ручек во еден од локалните ресторани, каде учесниците уживаа во вкусната храна и природната убавина на Маврово. Уште еднаш, тимот на Мотоцентар докажа дека е подготвен за учење на нови работи, а секогаш спремен за забава и создавање на незаборавни заеднички моменти.
Нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат среќни и задоволни. Во таа насока, имаме и повеќе бенефити кои им ги нудиме на вработените.
Само од јануари 2025 до денеска, заедно прославивме над 100 родендени, каде секој роденден го одбележуваме со подарок од страна на компанијата. Сметаме дека ова треба да биде посебен ден за секој еден вработен, и затоа го одбележуваме со внимание.
Многу е важно самата компанија да покаже со пример дека постојат можности за кариерен напредок внатре во неа. Мотоцентар тоа го покажува со дела, каде повеќе од 65% од раководниот кадар на компанијата во делот среден менаџмент е развиен од самите вработени, односно сите тие почнале од некоја оперативна позиција и имале можност да напредуваат и да се развиваат на следно ниво. Затоа, реалните можности за кариерен развој се дел од нашите програми за задржување на вработените во компанијата.
Секако, како дел од бенефитите, се и различни типови на бонуси – оние кои се поврзани стриктно со перформанси, но и бонуси доколку вработените препорачаат пријател или кандидат. Кога веќе разговараме за бонуси, ќе го споменеме и бонусот за добредојде, кој се однесува на позицијата вулканизер.
Нашите вработени се привилегирани и во делот на производите кои ги нуди компанијата, односно уживаат посебни попусти за сите производи и услуги кои ги нуди Мотоцентар.
Секако, обуките се неизбежен дел од развојот на самите вработени, па така, освен интерни, организираме и надворешни обуки и развојни програми. Исто така, некои од вработените имаат можност да ги посетат фабриките надвор од земјата, кои се наши добавувачи, па освен размена на искуство и знаење, имаат можност да уживаат и во убавините на некои од градовите каде што патуваат.
И за да деновите бидат исполнети со позитивна енергија, освен напорна работа, неизоставен дел се и engagement-активностите кои ги организираме за нашите вработени – од мали слатки задоволства, до спортски активности, како и заеднички забави и дружења.
Мотоцентар ја гради својата организациска култура врз темелите на тимска работа, взаемна почит и развој. Овие вредности не само што се дел од интерните процеси, туку се и причина зошто компанијата претставува атрактивно место за работа и раст.