СИГУРНОСТ ДП е една од водечките фирми во Република Македонија во областа на продажба на противпожарна опрема, хидрантска опрема, системи за откривање, дојавување и гасење на пожар, продажба на ХТЗ опрема од реномирани светски производители. Моментално имаме потреба од
СЕРВИСЕРИ
на противпожарни апарати и противпожарни централи за дојава на пожар
Потребни квалификации:
- За сервисер на ПП Апарати познавање на хаусмајсторска работа, останатото ке се едуцира.
- За сервисер на ПП централи познавање на работа со ниска струја, компјутер, поставување на инсталција, монтажа на опремата и пуштање во работа на системот.
- Пожелно е познавање на работа со мерни инструменти.
- Одговорност кон зададените работни задачи, домакинско однесување кон сопствената опрема и опремата на странките.
- Возачка дозвола Б, Б+Е
Опис на работната позиција:
- Продажба и одржување на противпожарна, хидрантска и опрема за ПП централи, како и инспекција на заштитно заземјување на громобранска инсталација и нисконапонска електрична инсталација.
- Од вработените се бара одговорност кон зададените работни задачи, почит кон клиентите, домакинско однесување со сопствената опрема и опремата на странките.