СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА, 2024
Наш клиент, реномиран хрватски ланец за малопродажба со повеќе од 1200 малопродажни единици, бара мотивирани работници за сезонска работа во трговија.
Работни обврски
- Раководење со робата, т.е. грижа за роковите, цените и зафатеноста на одделот.
- Обезбедување одлична услуга за нашите клиенти во одделот за свежа храна.
- Работа со месо и месни производи (доколку е потребно).
- Работа на каса.
- Контрола на квалитетот и свежината на производите и рокот на истите.
- Одржување уредност на продажното место.
Времетраење на договорот:
- Има флексибилност во однос за почнување на работниот ангажман и сезоната трае до 30.09, со опција за продолжување на договорот и трајно вработување по сезоната.
- Доколку е потребна работна дозвола – работата започнува веднаш по нејзиното добивање.
Плата:
- €850-€1100 нето, во зависност од локацијата.
Работно време:
- 06:30/7:00ч – 14:00ч (зависно од локацијата)
- 14:00ч – 20:00/21:00ч (зависно од локацијата)
- За дополнителни часови ќе биде исплатено на крајот на ангажманот или има опција да бидат искористени како слободни денови.
- 40 работни часови распределени во 6 денови. Еден слободен ден во неделата.
- Некои продавници го продолжуваат работното време до 23:00ч.
Сместување:
- Работодавачот ги покрива трошоците за сместување.
Превоз:
- Работодавачот ги кофинансира трошоците за пристигнување во Хрватска и враќање до €50 при приложување на транспортниот билет.
- Дневниот превоз од смештајот и назад е покриен од страна на работодавачот.
Испратете ги Вашите биографии на латиница преку полето Брза Апликација.