Oглас за работна позиција: Референт за домашни и меѓународни тендери во Служба Припрема
Минимум потребни квалификации:
- Образование: ВСС
- Работно искуство: Претходно искуство во деловно работење / За предност ќе се смета искуство во областа на јавни набавки
- Пожелно е основно познавање на Англиски јазик
- Задолжително напредно познавање на МS Office (word, excel)
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
Способност за тимска работа; прецизно и точно управување со информации, податоци и документи. Одговорна и организирана личност.
Опис на работни задачи:
- Одржување/Aжурирање на бази на податоци во Службата
- Помош при подготовка на документација за учество тендери
- Комуникација со клиенти
- Помагање во административно, финансиско и техничко следење на проекти и останати административни задачи.
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- Преку Брзата Апликација.
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 30.04.2024 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.