Референт за организација и оптимизација на процеси
Скопје
Application deadline:
- ФИЛА ГРУПА
Друштвото за производство, трговија и услуги ФИЛА ГРУПА ДОО има потреба за вработување за следното работно место во седиштето на Друштвото на ул. Перо Наков, бр.25 во Скопје:
Работно место: Референт за организација и оптимизација на процеси
Цел на работната позиција:
- Значително придонесување во одржувањето на функционалностите на информациониот систем
- Одговорен за контактирање со сите корисници, анализа на нивните барања како и решавање на барањата и проблемите на корисниците
- Поголемиот дел од работното време комуницира со вработените во рамки на Друштвото и по потреба комуницира со клиенти и добавувачи на услуги
- Способност за координација, развивање и прифаќање на нови процеси и документи
- Анализирање на постојни деловни процеси и давање предлог за промена/оптимизација на процесите/апликациите во соработка со носителите на процесите
- Соработка и комуникација со надворешни добавувачи на опрема како и со надворешни соработници на IT и други технички и сервисни услуги
- Иницира и предлага примена на нови технолошки решенија во својот делокруг на работа
- Врши контрола на поединечни барања од проектите за ИТ
- Ги следи исполнувањата на планските задачи во Друштвото за организација
- Поддршка на софтерски системи на корисниците во деловната мрежа
Квалификации:
- Високо образование (Електротехнички факултет, ПМФ, ФЕИТ), насока (смер) во областа на електротехниката, информатиката и математиката
- 3 години работно искуство во областа на информационата технологија
- Добро познавање на основните информатички вештини (Microsoft Office)
- Познавање на англиски јазик (читање и пишување)
- Иницијативност, креативност, комуникативност и доверливост
- Тимска работа
- Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок
Доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучете на тимот, Вашето CV го очекуваме преку Брзата Апликација, или на адреса ФИЛА ГРУПА ДОО Скопје, ул. Перо Наков, бр.25 со назнака “Референт за организација и оптимизација на процеси “ најдоцна до 29.04.2024 година.
Напомена
- Контактирани ќе бидат само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
- Некомплетните и ненавремени апликации како и апликации без назнака нема да се разгледуваат.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!