Друштвото за производство, трговија и услуги ФИЛА ГРУПА ДОО има потреба за вработување за следното работно место во седиштето на Друштвото на ул. Перо Наков, бр.25 во Скопје:
Работно место: Референт за организација и оптимизација на процеси
Цел на работната позиција:
Значително придонесување во одржувањето на функционалностите на информациониот систем
Одговорен за контактирање со сите корисници, анализа на нивните барања како и решавање на барањата и проблемите на корисниците
Поголемиот дел од работното време комуницира со вработените во рамки на Друштвото и по потреба комуницира со клиенти и добавувачи на услуги
Способност за координација, развивање и прифаќање на нови процеси и документи
Анализирање на постојни деловни процеси и давање предлог за промена/оптимизација на процесите/апликациите во соработка со носителите на процесите
Соработка и комуникација со надворешни добавувачи на опрема како и со надворешни соработници на IT и други технички и сервисни услуги
Иницира и предлага примена на нови технолошки решенија во својот делокруг на работа
Врши контрола на поединечни барања од проектите за ИТ
Ги следи исполнувањата на планските задачи во Друштвото за организација
Поддршка на софтерски системи на корисниците во деловната мрежа
Квалификации:
Високо образование (Електротехнички факултет, ПМФ, ФЕИТ), насока (смер) во областа на електротехниката, информатиката и математиката
3 години работно искуство во областа на информационата технологија
Добро познавање на основните информатички вештини (Microsoft Office)
Познавање на англиски јазик (читање и пишување)
Иницијативност, креативност, комуникативност и доверливост
Тимска работа
Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок
Доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучете на тимот, Вашето CV го очекуваме преку Брзата Апликација, или на адреса ФИЛА ГРУПА ДОО Скопје, ул. Перо Наков, бр.25 со назнака “Референт за организација и оптимизација на процеси “ најдоцна до 29.04.2024 година.
Напомена
Контактирани ќе бидат само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Некомплетните и ненавремени апликации како и апликации без назнака нема да се разгледуваат.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Administration amounts to 20.922 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!