Декларант во магацин
Скопје
Application deadline:
- АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.
Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.
Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.
Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:
ДЕКЛАРАНТ ВО МАГАЦИН
- Место на живеење – Скопје
- Делумно или полно работно време
- Одговорен за навремено и точно лепење на декларации на производите во магацинот
- Препакување на производи
- Внимателно ракување со производите
- Рационално користење на магацинскиот простор
- Извршува сродни работи по налог на претпоставен раководител
- Организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок
- Одлични услови за работа
- Атрактивна плата
- Можност за напредок
Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.
Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата „за Декларант“.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!