Хауз Мајстор Плус Дооел Скопје како компанија со долгогодишно искуство во областа на управување и одржување на станбени и деловни објекти, професионални услуги за хигиена и хаусмајсторски работи, има потреба за вработување на
ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР
Потребни квалификации:
- Средно образование - предност економско или правно училиште;
- Претходно работно искуство не е задолжително;
- Познавање на Microsoft Office пакет;
- Познавање на англиски јазик.
Опис на работни задачи:
- Административно - канцелариско работење (учество во изработка на потребни документи и нивно процесирање);
- Архивирање на влезно - излезни документи, организација, ажурирање и уредно водење на архива;
- Организирање и подготовка на деловни состаноци и други активности за менаџерот на компанијата ;
- Грижа и оперативна соработка со деловни клиенти, добавувачи и други соработници;
- Закажување на состаноци;
- Пречек на гости;
- Припрема на пошта;
- Одговарање на телефонски повици;
- Организирање на проток на документи.
Лични карактеристики:
- Комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, професионалност, точност, аналитички способности и способност за тимска работа.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Хауз Мајстор Плус, аплицирајте преку полето Брза Апликација или телефонски на 13434 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.