Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - Интерстаб Инженеринг
Share
Tweet
Share
Send to friend

Магационер

Скопје

Application deadline:

  • Интерстаб Инженеринг

 

Интерстаб директен увозник за македонскиот пазар на компоненти и системи во производните линии на системи за наводнување, црева, градина и водоснабдување.

 

Компанијата бара да назначи искусен и одговорен:

 

Магационер - Магацина база Скопје

Неговата Улога:

 

  • Го организира и контролира движењето на стоката во магацинската база и сите магацински процеси според утврдени процедури и стандарди на компанијата;
  • Сноси материјална одговорност за стоката во доверениот магацин, нивното соодветно складирање и обележеување;
  • Го координира и следи приемот на стоката - контрола на влезот, физичко истоварување, распоредување и означување на артиклите;
  • Ги координира и управува активностите на собирање, утовар и испорака на стоки;
  • Активно учествува во организирање на периодични и годишни пописи на магацинот;
  • Ја следи уредноста на придружната документација при примање и издавање на стоки, го контролира квалитетот и сообразноста на артиклите;
  • Ја комплетира документацијата за известување и подготвува извештаи што ги бара раководството;
  • Ракува со софтверот на магацинот, пополнува и уредува податоци, прима нарачки и контактира со клиенти;
  • Управува со коли за потребите на магацинските активности, го следи нивното правилно функционирање и одржување;
  • Подготвува распореди за чистење, го следи нивното спроведување и целокупното одржување на редот и чистотата во складиштата и работните станици;
  • Работи во соработка со регионалниот менаџер и централното раководство на компанијата.

Профилот:

  • Средно образование;
  • Професионално искуство во управување со магацински простори и процеси - минимум 2 години; искуство во комерцијална компанија - сериозна предност;
  • Вештини за работа со магацинска програма;
  • Вештини за работа со Excel на основно ниво - користење на основни формули, сортирање податоци, составување извештаи;
  • Вештини за возење автомобил;
  • Познавање на англиски јазик на ниво на ракување со магацинска документација;
  • Комуникациски и организациски вештини – тимски менаџмент, делегирање и следење;
  • Организација, педантност и внимание на деталите;
  • Одговорност, самодисциплина и чесност;
  • Енергија и позитивност.

Компанијата нуди:

  • Воведна обука поврзана со спецификите на работата и производите што ги нуди компанијата;
  • Мотивирачко наградување;
  • Договор за вработување;
  • Дополнителен бонус систем врзан за постигнатите резултати;
  • Работна облека;
  • Работа во долгорочен и кохезивен тим.

Доколку напишаното одговара на вашите професионални интереси и мислите дека тоа е можност за успешна кариера, испратете ја вашата апликација преку полето Брза Апликација  до 25.05.2024година

Само одбраните кандидати ќе бидат поканети на интервју!

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more