Vrabotuvanje.com - Стручен соработник за продажба на медицински производи - Скопје - ДНД ЦОММЕРЦЕ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Стручен соработник за продажба на медицински производи

Скопје

Application deadline:

  • ДНД ЦОММЕРЦЕ

ДНД ЦОММЕРЦЕ ДООЕЛ е компанија која се занимава со регионално снабдување со иновативни медицински помагала за различни оперативни процедури, уреди и потрошен материјал за стерилизација и контрола на инфекции, болнички и професионални средства за дезинфекција

   Со модерна технологија и континуирана едукација се стремиме да бидеме професионални и во оваа смисла да го подигнеме нивото на здравствена заштита. Сите производи ги исполнуваат барањата на меѓународните стандарди и прописи и се користат во над 80 земји низ светот. Можете да дознаете повеќе за нашата програма за дистрибуција, како и за нас, на нашата веб-страница
www.dndcommerce.com

ГИ ПОКАНУВАМЕ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА АПЛИЦИРААТ НА КОНКУРСОТ ЗА РАБОТА:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА МЕДИЦИНСКИ ПРОИЗВОДИ

Работни обврски:
  • Набавка и продажба на медицинска опрема од областа на стерилизација, дезинфекција и хирургија на територијата на Северна Македонија.
  • Организација, посети и обиколки на здравствени установи со цел презентација и продажба на производи.
  • Секојдневна комуникација со странски деловни партнери во писмена форма и телефонски, како и преку видео повици со цел да се обезбеди дополнителна едукација за производите од портфолиото, да се добијат потребни информации за конкуренцијата на пазарот и да се помогне на регулаторниот и правниот оддел на компанијата во услови за добивање тендерска документација.
  • Службени патувања во земјата и странство.
  • Креирање на стратегија за продажба на производи во соработка со менаџментот на компанијата.
  • Креирање на годишни, квартални и месечни планови.
  • Помош и континуирана работа со колегите од Србија и компаниите под дистрибуција од Косово и Албанија во однос на прашања поврзани со производи и помош при спроведување на тендерите

Услови за конкурс:
  • Средно или високо образование / пожелно медицинска или фармацевска струка.
  • Задолжително познавање на англиски јазик (усно и писмено)
  • Компјутерски вештини (Microsoft Office пакет)
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија
  • Одлични комуникациски вештини (усни и писмени)
  • Точност, прецизност, педантност, почитување на рокови
  • Одговорен пристап кон работата
  • Пожелно е претходно работно искуство во областа на продажба на медицински средства

Ние вас ви нудиме:
  • Постојана професионална обука, едукација во земјите на странски партнери-производители
  • Теренска и канцелариска работа
  • Работа во пријатна и колективна средина, стимулирајќи ја заработката според усовршувањето и напредувањето.
  • Обезбедена обука за работа во програмата Пантеон.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV преку полето Брза Апликација
 
Со цел изборот да биде што побрз, прво телефонски ќе бидат интервјуирани само избраните кандидати. Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повторно контактирани и информирани за вториот круг интервјуа во просториите на ДНД ЦОММЕРЦЕ ДООЕЛ- Скопје
 
 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more