Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - ВИВАКС ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • ВИВАКС ДОО

Вивакс е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Искористете ја можноста за работа во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
 

СМЕТКОВОДИТЕЛ 


 
Одговорности и задачи: 
  • врши задачи од областа на материјално-финансиското работење (книговодствена и финансиска евиденција на продажба на готов производ, набавени сировини, материјали, услуги);
  • врши калкулација на трошоци при набавка, превоз и слично;
  • врши книжење на изводи, влезни и излезни фактури;
  • води книга на основни средства;
  • врши пресметка на амортизацијата и ревалоризацијата на основните средства и ги книжи во материјалното сметководство;
  • врши усогласување на синтетичката со аналитичката евиденција;
  • го усогласува финансиското со материјалното сметководство;
  • учествува во подготвување на годишна сметка;
 
Потребни квалификации: 
  • Минумум ВСС;
  • Претходно работно искуство на иста или сродна позиција најмалку 3 (три) години;
  • Поседување на лиценца се смета за предност;
  • Одличо познавање на MS Office пакетот;.
 
Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим;
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
  • Организираност и одговорност;
 
 Ви нудиме:
  • Исплата на регрес за годишен одмор;
  • Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
  • Обезбеден оброк;
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
 
Општи правила за аплицирање:
  • Именување на документот за аплицирање - CV (во кое ќе бидат наведени степенот на образование и работното искуство;
  • Назнака на позицијата за која се аплицира (во самиот маил);
 
Во зависност од бројот на пријавените кандидати, изборот на кандидат ќе се изврши во период од 30-90 дена по истекот на рокот за аплицирање.
 
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.
 
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “СМЕТКОВОДИТЕЛ
 
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 24.04.2024 до 10.05.2024).
 
Напомена:
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани за интервју.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира НЕМА да бидат разгледани!
 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more