СОЛЕТА е успешна Македонска приказна која во изминатите 20 години со труд и напорна работа успеа да се изгради во препознатлив бренд со асортиман од 70-тина производи чијшто број во континуитет се зголемува, а за тоа е најзаслужен тимот од 110 вработени кој е распространет во секторите за производство, дистрибуција и продажба.
ИМП СОЛЕТА има потреба од 1 лице на следното работно место
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО
(подготовка и обликување на плескавици, ќебапи, увијачи и останато месо во парчиња)
- Средно образование
- Претходно работно искуство во производствен процес
- Организирана и одговорна личност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Лојалност и иницијативност
- Прецизност и точност
- Подготовка на смеси , машинско обликување на плескавици и ќебапи , обликување на увијачи , маринирање и панирање производи
- Тековни зададени работни задачи од одговорни лица
- Работно време од Понеделник до Петок 07.00-15.00
- Плата во зависност од претходното искуство
- Регрес за годишен одмор (К15)
Вашите пријави испратете ги преку полето Брза Апликација!
Разгледување, селектирање и интервјуирање на пријавените кандидати ќе се врши во времетраење на огласот и по завршување на истиот.