Vrabotuvanje.com - Работници во хотел „Макпетрол“ - Струга - Струга - Макпетрол АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

Работници во хотел „Макпетрол“ - Струга

Струга

Application deadline:

  • Макпетрол АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на персонал во хотел „Макпетрол“ во Струга во Сектор за општи работи во Дирекција за правни и општи работи на определено време од 4 (четири) месеци, и тоа
 

Келнер/Шанкер – 8 работници
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно угостителско училиште;
  • Работно искуство 1 година;
  • Познавање на странски јазик;
  • Основната плата изнесува 28.000 денари.

Помошник Готвач – 2 Работници
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено основно или повисок степен на образование;
  • Со или без работно искуство;
  • Основната нето плата изнесува 26.500 денари.

Хигиеничар/Собарка - 1 работник
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено основно или повисок степен на образование;
  • 1 година работно искуство;
  • Познавање на странски јазик;
  • Основната нето плата изнесува 26.000 денари.
Работното време за горенаведените работни место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
 
​„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more