Оpen Balkan ви овоможува лесно и брзо да се вработите во Србија
Walter BBQ. d.o.o. веќе 20 години поставува стандарди во угостителство со докажан квалитет.
Фокусирани сме на производство во храна и обезбедување услуги. Посветени сме на вредностите на квалитетот и создавање на препознатлив и водечки бренд на пазарот во нашата област на деловно работање.
Најпрогресивниот српски бренд, со синџир од 32 ресторани во 10 градови во Србија, 3 ресторани во Словенија, 2 ресторани во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Австрија.
Со цел понатамошно проширување на мрежата и во Србија и надвор од границите на Србија. Планираме да отвориме ресторани и во Северна Македонија.
Нашата движечка сила е вреден и амбициозен тим на вработени.
Нудиме:
- Вработување во модерен ресторан
- Динамична работна средина со тим од посветени професионалци
- Професионално усовршување и стекнување искуство со искусни и професионални ментори
- Обезбедена униформа
- Сместување и оброци
Посетете ја нашата веб – страница и запознајте не подобро.
Станете дел од тимот на Волтер на позицијата:
ШАНКЕР
Одговорности:
- Ефикасна и квалитетна достава на нарачките до келнерите согласно пропишаните правила и стандарди
- Складирање на испорачана стока од добавувачи наменети за кафеана
- Попис и пополнување на бар листата на дневна основа
- Одржување на чистотата и уредноста на работниот простор и опрема пред, за време и по работниот процес
- Почитување на стандардите и процедурите на компанијата
Потребно знаење:
- Искуство 1 година - пожелно е
- Знаење на српскиот јазик
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?
Доколку сте заинтересирани Ве молиме испратете CV на hr@walter.rs или јавете се на +38163333428