Спорт М ДОО Скопје, компанија која успешно работи веќе 25 години, објавува оглас за следната работна позиција:
Асистент во продажба
Потребни квалификации:
- ССС
- Работа со компјутери
- Предност е познавање на англиски јазик
- Искуство во продажба
- Комуникациски вештини
Работни обврски:
- Грижа за остварување на квалитетна продажба;
- Пристап кон потрошувачите што подразбира љубезност и комуникативност;
- Информирање на потрошувачите за квалитетот на стоката и останати информации кои се од значење за купувачите;
- Складирање на стоката, распоредување на истата во деловниот објект во кој Работникот е упатен да ја врши работата;
- Грижа за комплетност на стоките (декларации, упатства, гарантни листови и др.);
- Исполнување на други работни задачи зададени од Работодавачот или од него овластено лице.
Нудиме пријатна работна атмосфера и тимска работа. Работата е распоредена во смени,од понеделник до недела со исполнување на 40 часа на неделно ниво.