ФМС дооел - Скопје, вертикално интегрирана компанија во делот на недвижнини која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги и официјален преставник за LG комерцијална климатизација, има потреба за проширување на својот тим во делот на изведба на машински инсталации поврзани со системите за климатизација и вентилација:
ПОМОШНИК НА ФРИГОТЕХНИЧАР – ИНСТАЛАТЕР, СЕРВИСЕР
Потребни квалификации:
- Средно стручно образование,
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б категорија.
Опис на работата:
- Монтирање, сервисирање и одржување на уреди за климатизација, греење и ладење;
Што нудиме:
- Мотивирачка атмосфера и плата по договор
- Полно работно време од пон-пет 07:30-15:30
- Колективно осигурување од несреќа
- Платени дополнителни часови прекувремено
- Платен годишен одмор
- Можност за напредување во кариера
- Избор на рачен алат по желба.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.