![1 професија во која луѓето имаат најмалку доверба](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/17/9e913871-resize-820x0x100.jpg)
На кого му верувате најмногу е прашањето на анкетата спроведена од страна на уредниците на американското списание Reader’s Digest кое се чита во 10-те најразвиени земји во светот.
На примерок од пет илјади испитаници од САД, Англија и Германија, утврдено е дека најголема доверба уживаат пожарникарите (97 отсто) и медицинските сестри (96 отсто).
Следните две професии кои уживаат најголема доверба се лекарите и фармацевтите.
Потоа следат наставниците во средно училиште, полицајците и сметководителите.
Помеѓу професиите кои уживаат средно ниво на доверба се вбројуваат новинарите, градежните изведувачи, банкарите, агентите за недвижности, водачите на синдикатите и адвокатите.
На дното се продавачите на автомобили (16 отсто), а за нивна утеха, убедливо најниско ниво на доверба имаат политичарите – само 6 отсто од испитаниците веруваат во нив.