Vrabotuvanje.com - ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица
Share
Tweet
Share

ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица

  • Address: Кирил Тренчев бр.10, Струмица, 2400 Струмица
ЗА ЖИКОЛ
 

 

 

Градежници пред сè!

Ние сме градежници пред сè и тоа нè прави различни од другите!

ЖИКОЛ квалитетот и сигурноста ги гради врз темелите на традицијата, со визија предводена од иновацијата. Така создаваме ДОМ - каде среќните моменти се секојдневие.

 

Ние ги почитуваме правилата на пазарот, уметноста на создавањето и предноста на самоувереноста базирана на знаењето. Нашите вработени се дел од семејството, клиентите се нашиот водечки мотив, а општествената одговорност е примарниот принцип во нашата работа.

 

 
Од 1987 година ЖИКОЛ е ЛИДЕР во градежната индустрија и континуирано успешно ја гради својата мисија.

Како водечка компанија во својот сектор со целосно приватен капитал, ЖИКОЛ го обезбдедува комплетниот опсег на услуги во областа на градежништвото и пазарот на недвижнини.

Во ЖИКОЛ интегритетот и вистината не се само обични ветувања. Тие се фундаментот на нашата работа исто како и сигурните темели врз кои ги градиме нашите идеи. Страста кон она што го работиме е моќна алатка во реализацијата на нашите цели.

Во остварувањето на нашата мисија се водиме според безвременските принципи:

  • Дисциплина
  • Реализација во зададените рокови
  • Секогаш во потрага по најдоброто решение
  • Целосна одговорност кон клиентите
  • Посветена тимска работа и долгорочни односи
  • Највисок квалитет на услугите
  • Ексклузивна изведба
  • Ефикасност, економичност и функционалност
  • Континуирана репродукција на иновативни идеи
  • Безбедност на работното место

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more