Сопственикот на зграда во градот Блумберг на југот на Германија сам си создал проблеми со тоа што не им плаќал на работниците, т.е. изведувачите на неговата зграда.
Имено, тој наводно му должел на изведувачот 4,9 милиони евра, а откако на изведувачот му здосадило да ги чека неговите пари, збеснал и одлучил да се одмазди на интересен начин во средата во 7.30 часот наутро.
Со багер тргнал на зградата и ги срушил скоро сите балкони на неа, како и соседните sидови, предизвикувајќи на тој начин штета од речиси половина милион евра на новоизградената зграда.
Бидејќи сѐ уште е во изградба, зградата била празна и затоа нема повредени, а местото на настанот во неверување го следеле околу 50 очевидци. Се разбира, тие веднаш ги зеле камерите и снимиле неверојатна сцена на градежникот што руши се пред себе.
Градежникот запрел по урнатините на балконот само затоа што се скрши хидрауличното црево на багерот, изјавија сведоци за германскиот весник Шварцвуелдер Боте.
Подоцна тој и се предал на полицијата, а полицијата ја блокираше областа од страв со багерот да не ги оштетил резервоарите за гас во зградата.
Workers destroy 30 new apartments in Blumberg, Germany after businessman refuses to pay their wages. This is what we in the direct action movement call *aggressive negotiations*. Top work comrades✊
Aktualno
- Агенциите за давање отказ сѐ побарани во Јапонија
Давањето отказ преку агенција во име на работникот е сѐ позастапено во Јапонија последниве години. Така вработените ги напуштат компаниите, без да мора лично да дадат оставка, од причини како што се вознемирување на работното место или неповолна работна средина.
- Наскоро пристигнува нова социјална мрежа
Новата социјална мрежа стартува во јуни оваа година.
- Во лето заборавете на пиење вода од пластично шише, а еве и зошто
Најдобро е да користите шишиња од нерѓосувачки челик за повеќекратна употреба.
- Грешка што сите ја правиме: Комбинацијата на кафе и млеко за доручек не е секогаш добра идеја
Навика која може да биде многу штетна за вашето здравје.
- Ова се трите земји од каде ни доаѓаат најмногу туристи
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2024 година изнесува 58 848, од кои 31.3 % се домашни туристи, а 68.7 % се странски туристи.
- Размислувате за селидба во Америка? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи
Компанијата Redfin, која се занимава со посредување при продажба на недвижен имот и обезбедување хипотекарни заеми во САД и Канада, објави податоци за движењето на цените на американскиот пазар, кои покажуваат дека најголемите и најпознатите градови не се најскапи кога станува збор за купување куќа.