1. Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 23. 7. 2018 година. Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки и се однесуваат на следните занимања и градови:
Оџачар во Скопје, со завршено најмалку основно образование и
Персонални асистенти за инвалидни лица, во Скопје со завршено намалку средно образование.
2. Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, a по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец, доколку како спроведувач на обуката се стопански комори, занаетчиски комори. и средни стручни училишта. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може дасе изведува кај истата приватна компанија (работодавач).
3. Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
4. Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука.
5. На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.
6. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија и селектираните кандидати.
7. Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати.
8. Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македониј a www. avrm. gov. mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија www.mtsp.gov.mk
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Повик до евидентирани невработени лица
Aktualno
-
Време е да купите огревно дрво – наесен сигурно ќе биде поскапо
И покрај зголемената потрошувачка и предупредувањата за можни покачувања на цените, огревното дрво во Македонија и оваа пролет останува достапно за граѓаните по ланските цени.
-
М Кеш и М Брокер организираа успешен Отворен ден за вработување!
Овој ден не само што ни овозможи да го одбележиме значењето и влијанието на работата на одделот за човечки ресурси, туку го искористивме и за да ги промовираме отворените работни позиции и условите и бенефитите кои ги нудат компаниите М КЕШ и М Брокер како работодавци.
-
Диспечерите заработуваат и до 3.500 долари месечно – живеат во Македонија, a работат во Америка
Во последните години, пазарот на трудот сведочи за зголемена побарувачка за диспечери во логистичкиот сектор.
-
Ја прекинаа продажбата на билети од Скопје до Крф - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно
„Aegean Airlines“ ја прекина продажбата на билети за планираната нова авиолинија меѓу Скопје и Крф, која требаше да почне на почетокот на јуни.
-
ПЛАТАТА ВЕШТО ЈА КРИЈАТ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“
Има голем број групи во кои нашите кои живеат во Германија нудат работа за чување деца или помош во домот, но никогаш досега не се случило јавно да кажат за колкава плата бараат работници.
-
БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница
Благ пад на месечните трошоци за семејства регистрираше Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).