1. Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 23. 7. 2018 година. Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки и се однесуваат на следните занимања и градови:
Оџачар во Скопје, со завршено најмалку основно образование и
Персонални асистенти за инвалидни лица, во Скопје со завршено намалку средно образование.
2. Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, a по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец, доколку како спроведувач на обуката се стопански комори, занаетчиски комори. и средни стручни училишта. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може дасе изведува кај истата приватна компанија (работодавач).
3. Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
4. Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука.
5. На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.
6. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија и селектираните кандидати.
7. Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати.
8. Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македониј a www. avrm. gov. mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија www.mtsp.gov.mk
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Повик до евидентирани невработени лица
Актуелно
-
Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега
Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
-
Скопје се празни: Колони возила - на Богородица се чека и по еден час!
На граничниот премин Богородица се гледа дека возила се упатиле кон соседна Грција. Според информациите на овој граничен премин за излез од Македонија се чека и по еден час.
-
Зошто мажите работат помалку домашни работи од жените
Во еден типичен ден, жените извршуваат три пати повеќе домашни работи отколку мажите.
-
Вака изгледаше прослава на 1. Мај во Скопје во 1960 година
Како се славеше Први мај во 1960 година?
-
Топ 5 автомобили до 3000 евра со кои нема грешка!
Познато е дека сите сакаме добро да пазариме, но за малку пари. Затоа, автомобилски експерт ги издвојува петте најдобри возила под 3.000 евра, со кои никогаш не можете да погрешите.
-
НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?
Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.