Со цел да се олесни состојбата на пазарот на горива, словенечката влада одреди максимални малопродажни цени на горивата.
Словенците од утре ќе треба да платат 1.503 евра за литар безоловен бензин од 95 октани, а за литар дизел 1.541 евро, изјави министерот за економија.
Мерката ќе важи 30 дена, јавуваат словенечките медиуми.
Министерот за економија Почивалшек пред новинарите изјави дека Владата одлучила да ја смири состојбата во делот на моторните горива, па ја поставила највисоката малопродажна цена во корист на граѓаните и стопанството.
Тој изјави дека во моментов нема потреба од ослободување на резервите на нафтени деривати.
Почивалшек истакна дека во Словенија има доволно количество гориво, така што нема страв од недостиг.Тој рече и дека овие цени се слични на оние што ги имале досега, можеби и малку пониски.
извор: kanal5.com.mk