За купување на недвижен имот во Дојран има огромен интрес, а цените од 2019 година до денес скокнале за 150 отсто.
Купувачите бараат станови, куќи, плацеви. Дојран станува монденско место и се менува типот на купувачи кои пројавуваат интерес да поседуваaт имоти во градот. Засега старите станови се продаваат за 1.100 евра по квадрат, а новите се со цена до 1.050 евра, но нив ги има помалку од побарувачката. Во градот се градат нови 150 станови, кои треба да бидат готови после повеќе од година дена. На продажба се ставени и вили и апартмани. Купувачите пак се од другите градови од Македонија.
Најатрактивни за купувачите се локации во Стар Дојран и во населбата Карач. Ако станува збор за станови, купувачите најчесто ги бараат оние со површина од 40 до 60 квадрати.
Иако бројот на постојани жители е мал, за време на летната сезона во Дојран има околу 25.000 луѓе.
Во земјава изминатиот период скокнаа цените на недвижниот имот поради поскапените градежни материјали. Скопје и Охрид стандардно се места каде се бара стан повеќе. Но, новите трендови покажуваат дека и Дојран станува атрактивен.
извор: faktor.mk