- Доверливи
Вие сте човек од доверба. Секогаш и секој може да се потпре на вас и да ја има вашата поддршка. Вие сте човек кој допушта речиси секој до вашиот живот и срцето. Мислите дека е подобро да ризикувате некој да ви наштети, отколку да се затворите за светот. Не ги покажувате своите стравови и ја криете вашата неувереност. Мислите дека треба сами да одлучувате за вашите проблеми. Посветени сте. Помагајќи им на другите ги лекувате сопствените рани. - Праведни
Вие сте човек кој се труди да остави добар впечаток по секоја цена и се обидувате секогаш да постапувате правилно. Мислите дека вашите постапки влијаат на животот на вашата околина. Не ги покажувате емоциите и се криете кога сте вознемирени. Се обидувате да бидете подобри бидејќи според вас тоа е најмалото нешто што можете да го направите додека сте на оваа земја. - Пожртвувани
Постојано го барате своето место во животот. Упорно ги криете вашите „темни“ мисли кои често ви надоаѓаат. Вие сте човек кој потребите на вашата околина секогаш ги ставате пред своите. За вас ако блиските се среќни и вие сте задоволни, без разлика дали таа туѓа среќа е добра за вашиот личен живот. - Мислители
Сакате сè што правите, да е добро смислено. Постојано ја барате длабоката и скриена смисла на нештата. Понекогаш заглавувате толку длабоко во
сопствените мисли што потоа ви е тешко да излезете оттаму. За вас животот е голема загатка и вие не престанувате да истражувате додека не ги соберете сите делови од сложувалката. - Мистериозни
Понекогаш дури и за самите себе сте си мистерија. Често го менувате расположението. Тешко ќе се пронајдете себеси, ако постојано се менувате,
нели? Не сакате да зборувате, не поставувате прашања и преферирате да набљудувате. Го кажувате само она во кое што сте целосно убедени. - Чувствителни
Сè забележувате и ништо не заборавате. Чувствителни сте, понекогаш дури и премногу. И најмалите нешта можат да ве импресионираат. Лесно можете
да бидете во солзи, или да се смеете. Успешно ја криете својата кревкост од околината и се прикажувате како прецизни луѓе кои знаат што сакаат и што ќе им донесе животот. - Енергични
Постојано правите нешто и вечно сте во движење. Често сте и вљубени.
Прецизни сте. Човек на скандалите. Или силно ги сакате луѓето од вашата околина или ви се страшно непријатни и ги мразите. Дејствувате брзо.
Вашата енергијата од околината ви се прифаќа како нервоза. Понекогаш претерувате со драматизмот и тоа ви создава големи проблеми. - Ексцентрични
Имате невообичаени интереси и убедувања. Вашата околина ве смета за чудни. Не дејствувате според дадени правила туку си имате сопствена претстава како треба да се одвиваат работите. Секогаш го правите тоа што ќе го наумите на доста неконвенционален начин. - Интуитивни
Го разбирате прекрасно светот околу себе и луѓето. Можете да читате
по лицата на луѓето како се чувствуваат во даден момент. Знаете кога ве лажат. Го прикажувате на другите само она што сакате тие да го видат. Чувствувате кога се обидуваат да ве манипулираат и знаете како да се справите со безболно со таква ситуација.
извор: javno.mk
ТЕСТ НА ЛИЧНОСТ: Изберете едно око и дознајте нешто повеќе за вашиот карактер
Zanimljivosti
-
Недовршена слика на Климт продадена за 30 милиони евра
Долго време се мислеше дека „Портретот на госпоѓица Лизер“ е изгубен, но всушност со децении бил изложен во приватна вила недалеку од Виена. Аукциската куќа „Ај ен Кински“ го процени „Портретот на госпоѓица Лизер“ од 30 до 50 милиони евра, а овој недовршен портрет, насликан од австрискиот сликар Густав Климт, беше продаден на аукцијата во Виена за 30 милиони евра.
-
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Македонија монетарно се осамостои - Вака изгледале првите македонски банкноти
Пеон, Статер, Лав, Македонски динар. Ова биле главните предлози за името на новата македонска валута пред да биде донесена одлуката таа да биде именувана како Денар.
-
Спасете ја бижутеријата: Вашиот накит пак ќе заблеска со помош на една ситница од бањата
Ако сакате да носите накит, особено бижутерија, тогаш сигурно сте свесни за фактот дека неговиот животен век е ограничен бидејќи брзо се оксидира, оставајќи зелени траги.
-
Како да ги исчистите прозорците без траги? Веројатно не сте чуле дека можете со – компир!
Како можете да исчистите стакло без да оставите траги, а можеби дури и без да користите загадувачки хемикалии?
-
Кога надвор грми исклучете ги овие уреди! Не заборавајте ги полначите за мобилни телефони!
Иако многу домови се опремени со заштитни уреди кои можат да ја ограничат штетата, исклучувањето на уредот е дополнителен, сигурен чекор за заштитата.
-
Дали знаете што значат ознаките EDT и EDP на шишенцата со парфеми?
Ако ве збунуваат овие етикети при изборот на парфем, еве за што се работи и како да го купите најдолготрајниот мирис.