Друштвото Де-Та Дејан постои од 1999 година и е сопственик на ланецот продавници Sara Fashion. Sara Fashion е семејна компанија за продажба на чорапи, хулахопки, долна облека, пижами, костими за капење и модни додатоци за жени, мажи и деца. Од самиот старт работи со голем ентузијазам и љубов, со постојано вложување и едукација на своите кадри, како и постојано проширување на своето портфолио на производи. Денес може да се каже дека компанијата прерасна во една од најголемите македонски компании во својата област, со повеќе од 200 вработени и се состои од над 60 продажни места во Македонија и Србија.
Поради зголемен обем на работа Sara Fashion има потреба од:
Sara Fashion има потреба од ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ и МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК
News
-
Недовршена слика на Климт продадена за 30 милиони евра
Долго време се мислеше дека „Портретот на госпоѓица Лизер“ е изгубен, но всушност со децении бил изложен во приватна вила недалеку од Виена. Аукциската куќа „Ај ен Кински“ го процени „Портретот на госпоѓица Лизер“ од 30 до 50 милиони евра, а овој недовршен портрет, насликан од австрискиот сликар Густав Климт, беше продаден на аукцијата во Виена за 30 милиони евра.
-
Поскапува регистрацијата на возилата за 1.000 денари, но зелениот картон останува по стара цена
Поскапувањето на регистрацијата на возилата за 15,4 отсто е уште еден удар врз семејниот буџет.
-
Не ви исплаќале редовно плата, сте имале несигурни договори за работа… Како е да се биде почетник во работата?
Не е така мал бројот на оние кои, како почетници во работата, доживеале разни непријатни искуства
-
НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло, но ќе има можност за невреме
Оваа година за 1 и за 2 мај, како и за Велигденските празници повторно ќе имаме нестабилно време, и тоа со попладневни локални поројни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, објави Славчо Попоски.
-
Илјадници царски пингвини угинаа поради се побрзото топење на мразот
Илјадници бебиња пингвини изумреа минатата година на Антарктикот поради се побрзото топење на мразот.
-
Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија
Вкупното количество на создаден комунален отпад во 2023 година во државава изнесува 878 303 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2023 година изнесува 503 килограми, што е за 7,7 проценти повеќе од истото количество во 2022 година.