Целта на секоја компанија е финансиите да ги довери во професионални раце. Токму затоа финансискиот менаџмент е круцијален за функционирањето на било кој бизнис.
Како најстручни лица во компанијата, грижата за финансиите секогаш паѓа на сметководителите, па одтаму важно е да се знае дека сметководствената професија не вклучува само финансиски менаџмент, туку и ревизија, даноци и финансиски извештаи.
Што значи да се биде сметководител?
Сметководството подразбира мерење и пресметување на финансиите и нивна документација во соодветна форма. Основната задача на секој сметководител е да ги евидентира економските активности на компанијата и да подготвува даночни извештаи во пропишан рок. Слично на тоа, голем број сметководители денес работат како правни советници, советници за правилна распределба на ресурси и советници за профит.
Сметководителите се мајстори за финансиските текови бидејќи ги знаат сите закони и правила кои се однесуваат на нив.
Во кои компании можат да работат сметководителите?
Сметководството како професија отвора голем опции за луѓе кои сакаат разновидност со текот на времето. Така, како сметководител може да работите во:
- јавен сектор;
- банки;
- берзи;
- бизнис училишта;
- ревизорски куќи;
- приватни компании; и
- консултантски компании.
Колку изнесува нивната плата?
Сметководителите важат за едни од најплатените професионалци во финансискиот сектор. Секако, нивната плата зависи од голем број фактори, како што се: степенот на образование, работното искуство, големината на компанијата и регионот.
Според податоците на www.mojaplata.mk, нето платата за сметководител кој тукушто започнува со својата кариера изнесува 19.000 денари, додека пак за професионалец со работно искуство од 3 до 5 години изнесува 23.340 денари. Платата за главен сметководител е повисока и изнесува 28.145 денари.
Сакате да ја дознаете просечната плата за вашата професија според степенот на образование, работното искуство и регионот?