Град Скопје денеска распиша два јавни повици - за субвенционирање на граѓаните на подрачјето за купување електрични тротинети во 2019 година и за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди во 2019 година.
Повикот за субвенционирање на граѓаните за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје што ќе купат нов електричен тротинет од 01.01.2019 година до исцрпувањето на буџетот, или не подоцна од 30.11.2019 година.
Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.
Субвенционирањето ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Повеќе информации ќе најдете на следниот ЛИНК.
Од денес може да аплицирате за субвенции за електрични тротинети
Aktualno
-
Ако сакате квалитетен сон: Не надминувајте го најдобриот период за последното кафе во денот
Времето во кое го пиеме последното кафе во денот може значително да влијае на квалитетот на нашиот сон.
-
Жителите на познат туристички град ќе протестираат поради зголемен наплив на туристи
После неодамнешните протести на Канарските острови и растот на антитуристичкото расположение во Шпанија, жителите на Малага исто така планираат протести поради зголемениот наплив на туристи.
-
Скапо, но трошиме до последен денар: Македонците и Србите ги „окупираа“ Солун и околните места
Во Грција велат дека Македонците и Србите се најдобри туристи – немаа многу пари, а трошат до последен денар. Продолжениот викенд и пролетниот распуст ги наполнија Солун и околните места. Во вториот град по големина деновиве често ќе слушнете како се зборува македонски и српски јазик.
-
Тешко се наоѓа жена за чистење по дома – резервирани се во следните 3 месеци
Во последно време, жителите на Скопје се соочуваат со значителни предизвици кога станува збор за одржување на хигиената во нивните домови.
-
И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки
Македонската дијаспора во Германија се соочува со значителни финансиски предизвици поради високите цени за изнајмување станови за живеење, особено во големите урбани центри.
-
Започнува периодот на матурските забави – колку чини прославата во ресторан?
Со приближувањето на крајот на учебната година, рестораните низ Скопје веќе започнаа да ги претставуваат своите атрактивни понуди за матурските прослави, означувајќи го почетокот на еден од највозбудливите периоди за средношколците.