Националната Пошта воведе нова услуга за достава на изводите од матичната евиденција на домашна адреса на граѓаните. Документите ќе се доставуваат препорачано со повратница.
-Пошта ги доставува изводите од матична евиденција на адреса на секој заинтересиран граѓанин низ целата држава. Избегнете ги гужвите во сообраќајот, турканиците пред шалтерите и не се изложувајте на ризик од Ковид-19!, објави Пошта.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори. прво треба да се пристапи на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ , што е платформа на Управата за водење на матични книги која гарантира заштита на личните податоци и безбедна наплата. Таму треба да се пополнат податоците, да се избере начинот на достава преку пошта, а таксата се плаќа електронски.
Поштарот ги доставува бараните документи на домашната адреса во рок од 72 часа. Документите се доставуваат препорачано со повратница.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори: 1. Пристапете на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ – платформа на Управата за...
Posted by Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut on Thursday, March 4, 2021
Од викендов се воведува уште една нова услуга
„Пошта“ од викендов воведува нова услуга, е-трговија, преку која може да се направи онлајн нарачка-подарок и да се испорача на саканата адреса.
Ова е првпат нашата пошта да овозможи ваква услуга, а повод за оваа нова услуга е праазникот на жената 8 Март.
На официјалната веб страница на Пошта може да се избере еден или повеќе од понудените подароци, потоа се внесуваат свои, како и контакт – податоци (и адреса надостава), како и опција за персонализирана порака која во оргинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.
Наплатата е преку онлајн – системот на Халкбанк.
Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.
Aktualno
- Заборавете на евтин одмор во Албанија – ова се цените на храната во Ксамил
Со зголемувањето на бројот на туристи, Албанија станува сè поскапа дестинација за македонските туристи.
- Кардиолозите открија кој зеленчук го јадат секој ден
Редовното консумирање овошје и зеленчук е научно поврзано со намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести. Доколку не го јадете премногу често, време е да започнете, особено она што го препорачуваат кардиолозите.
- Користите еден од овие PIN-ови? Променете го веднаш, бидејќи хакерите лесно можат да го погодат
Исто како што многу луѓе користат едноставни лозинки или исти лозинки за бројни онлајн профили бидејќи не можат да ги запомнат сите, луѓето често користат едноставни PIN-ови за да ги заштитат своите телефони, банкарски картички, сметки и друго.
- Кои професии и типови на личност се повеќе склони кон “burnout“
Не мора да ја мразите вашата работа за да доживеете исцрпеност. Преголемата грижа за работата може да биде штетна и за вашето ментално здравје.
- Времињата се променија: Младите во Македонија доцна стапуваат во брак
Во последните години се забележува значително намалување на бројот на склучени бракови кај лицата под 30 години во Македонија.
- СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас, а колку во светот
Многумина реагираат на цените на такси услугите во Скопје.