Националната Пошта воведе нова услуга за достава на изводите од матичната евиденција на домашна адреса на граѓаните. Документите ќе се доставуваат препорачано со повратница.
-Пошта ги доставува изводите од матична евиденција на адреса на секој заинтересиран граѓанин низ целата држава. Избегнете ги гужвите во сообраќајот, турканиците пред шалтерите и не се изложувајте на ризик од Ковид-19!, објави Пошта.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори. прво треба да се пристапи на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ , што е платформа на Управата за водење на матични книги која гарантира заштита на личните податоци и безбедна наплата. Таму треба да се пополнат податоците, да се избере начинот на достава преку пошта, а таксата се плаќа електронски.
Поштарот ги доставува бараните документи на домашната адреса во рок од 72 часа. Документите се доставуваат препорачано со повратница.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори: 1. Пристапете на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ – платформа на Управата за...
Posted by Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut on Thursday, March 4, 2021
Од викендов се воведува уште една нова услуга
„Пошта“ од викендов воведува нова услуга, е-трговија, преку која може да се направи онлајн нарачка-подарок и да се испорача на саканата адреса.
Ова е првпат нашата пошта да овозможи ваква услуга, а повод за оваа нова услуга е праазникот на жената 8 Март.
На официјалната веб страница на Пошта може да се избере еден или повеќе од понудените подароци, потоа се внесуваат свои, како и контакт – податоци (и адреса надостава), како и опција за персонализирана порака која во оргинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.
Наплатата е преку онлајн – системот на Халкбанк.
Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.
Актуелно
- Еден од најактивните вулкани на светот секојдневно исфрла злато во вредност од 6000 долари
Во ледените пространства на Антарктикот се крие вулкан кој исфрла буквално парчиња злато. Откритието било објавено во 1991 година од страна на американски геолози.
- РАБОТНИЧКИ ПРАВА: Што треба да знаат работниците ако треба да работат на германски државни празници?
Многу луѓе во Германија имаа слободен ден за Денот на трудот, но имаше и такви кои сепак мораа да работат. Работеле како готвачи, келнери, собарки, таксисти, спасувачи, полицајци, пожарникари, новинари, медицински персонал, возачи на јавен превоз, земјоделци.
- „Нарачав патики преку Фејсбук, а кога ја отворив кутијата…“
Во време кога онлајн шопингот станува сè почеста практика, граѓаните на Македонија се соочуваат со нов вид измама.
- „Оживеа“ жена закопана пред 75.000 години: Неверојатна реконструкција на лицето на неандерталец
Жена закопана во пештера пред повеќе од 75.000 години „оживеа“ благодарение на напорите на тим научници од Универзитетот во Кембриџ. Тие создадоа неверојатна 3Д реконструкција на лицето на овој неандерталец откриен во пештерата Шанидар во регионот на ирачки Курдистан.
- Граѓаните се соочуваат со нов вид измама: „Нарачав патики преку Фејсбук, а кога ја отворив кутијата…“
Во време кога онлајн шопингот станува сè почеста практика, граѓаните на Македонија се соочуваат со нов вид измама.
- ИЗГЛЕДА ЛУДО, НО НЕ И НЕВОЗМОЖНО: Гаража во центарот на Загреб продадена за 150.000 евра
Гаража од 38 метри квадратни во зграда стара три години во центарот на Загреб е продадена за 150.000 евра, јавува РТЛ. За тие пари, вели сопственикот на агенцијата за недвижности, може да се купи двособен стан во нова зграда во Запрешиќ.