Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и уште од ноќта со врнежи од снег на планините и на повисоките места. Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието
УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 05:20 ч. е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот премин Плетвар.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 23:35ч. сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврови Анови – Дебар, кај манастирот Св. Јован Бигорски е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти.
ЗAБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Поради интензивни врнежи од снег воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово - Дебар, Струга – Г.П. Ќафасан, планинските премини Пресека, Стража, Ѓавато, Буково, како и патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
И денес снег и ниски температури - Забрана за тешки товарни возила и автобуси на неколку патни правци
Aktualno
-
Вештачка интелигенција – „цунами“ што ќе ја погоди работната сила
Технологијата е како џин во шише, штом ќе го пуштите, може да има непријатни ефекти!
-
ВНИМАВАЈТЕ: Нова измама, Владата не дели по 6.150 денари на граѓаните!
Во име на Владата, од утрово граѓаните добиваат СМС и други пораки дека наводно може да добијат 6.150 денари доколку на линкот што им е испратен ги остават своите лични податоци.
-
Нови цени на горивата: Поевтинуваат бензините и дизелот
Прочитајте!
-
Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра - еве ја листата
Многу често се случува да претурате по фиоките на старите куќи или дури и старата облека и да наидете на некои ретки монети кои ве тераат да се запрашате која е нивната вистинска вредност.
-
Малинарите во Србија бараат берачи: Еве колкава дневница нудат
Огласите за берачи веќе ги преплавија социјалните мрежи и локалните портали во Србија. Наоѓањето на соодветна работна сила не е лесно со години, иако тие можат да заработат добри пари за помалку од еден месец работа.
-
Земјоделци од Македонија ја спасуваат бербата на аспарагус во Австрија
Во време кога земјоделската индустрија се соочува со сериозен недостиг на работна сила, сезонските работници од Македонија доаѓаат како спасители за бербата на аспарагус во Австрија.