Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и уште од ноќта со врнежи од снег на планините и на повисоките места. Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието
УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 05:20 ч. е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот премин Плетвар.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 23:35ч. сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврови Анови – Дебар, кај манастирот Св. Јован Бигорски е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти.
ЗAБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Поради интензивни врнежи од снег воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово - Дебар, Струга – Г.П. Ќафасан, планинските премини Пресека, Стража, Ѓавато, Буково, како и патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
И денес снег и ниски температури - Забрана за тешки товарни возила и автобуси на неколку патни правци
Актуелно
-
Најпознатата слика на светот би можела да добие НОВ ДОМ: Еве каде се сели Мона Лиза
Познатата Мона Лиза беше „жртва“ на кражба, копирање и вандализам (дури и напади со киселина, супи и колачи) во изминатите децении, но и покрај турбулентната историја, оваа икона сè уште стои недопрена.
-
Кирија или рата за кредит: Дали е поисплатливо да се изнајми или купи стан?
Дали е подобро да се плаќа кирија или рати за кредит, да се задолжиш на 30 години за да купиш стан или да се живее како потстанар - е дилемата која е секогаш актуелна кај оние кои немаат сопствен покрив над глава.
-
Црногорците очекуваат голем бран туристи од Македонија – може да патувате и само со лична карта!
Црна Гора – бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам, земја во која се вкрстуваат истокот и западот, хеленската и римската култура.
-
ЗОШТО ВО ЕВРОПА ПРИСТИГНУВА ПЕСОК ОД САХАРА? Атина беше црвена како на Марс, во Македонија паѓаат валкани дождови!
Пристигнувањето на нов бран сахарскиот песок наголемо се најавува во сите европски земји, а оваа појава нема да ја заобиколи Македонија и регионот. Навистина, ќе стигне до нас во помали количини, но треба да знаеме како да се заштитиме од ефектите на песокот во воздухот или зошто на прво место се јавува оваа појава.
-
Ова се најопасните земји за посета во 2024 година
Се објави интерактивна мапа која покажува каде патниците најверојатно ќе се соочат со безбедносни закани врз основа на ризикот од политичко насилство, социјални немири, насилен и ситен криминал и, оваа година, влијанието на климатските промени.
-
Забележавте мравки во вашиот дом? Овие намирници можат да ви помогнат да се ослободите од нив
Многумина автоматски ќе купат пестицид за борба против овие штетници, но овој метод може да биде опасен ако имате миленичиња или деца. Сепак, постојат многу природни состојки кои можат ефикасно да ги убијат мравките без прибегнување кон токсични хемикалии.