ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Асистент во оддел финансии, сметководство и набавки (2 работни позиции)
АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ СЕЕ има потреба од Асистент (2 работни позиции) коj ќе се придружи на нашиот тим со следниве клучни задачи и одговорности:
Асистентот ќе биде одговорен за административна поддршка на тимот за финансии и сметководство за задачи како подготовка на налози за набавка, регулирање на фактури и обработка на плаќањата на добавувачите.
Работни обврски:
- Асистентот е одговорен за подготовка на барања за набавка и налог за набавка врз основа на барања поднесени од соодветни оддели;
- Координира со одделите да го потврди приемот на налозите за набавки и да осигура навремена достава на опрема или услуги;
- Соработува со одделот за финансии и сметководство за одобрувањето на налозите за набавка и да осигура навремено плаќање на добавувачите;
- Дава поддршка во водење на процеси за промена на добавувачи поврзани со процедурите на исплата;
- Дава поддршка на одделот за финансии и сметководство во точно внесување на фактурите од добавувачи;
- Подготвува извештаи и клучни индикатори за изведба (KPI) за следење на трошоците за набавки и идентификува области за подобрување;
- Учествува во развој и документирањето на сметководствените политики и процедури за да се обезбеди усогласеност и стандардизација низ организацијата;
Потребни квалификации и способности , вештини:
- Високо образование
- Претходно административно искуство или искуство во оддел за набавки (предност)
- Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан),
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office: Word, Excel)
- Клучни компетенции: комуникација, планирање и организирање, управување со времето и рокови.
Работни услови:
- Локација на работното место општина Карпош
- Обезбеден паркинг простор
- Можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)
- Работно време од 06.00-14.00 или 08.00-16.00
Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку Брзата Апликација.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.