Се разбира, тоа влијае и на довербата на граѓаните која е зголемена повеќе од двојно, па сега анкетите покажуваат над 60 отсто доверба во полицијата.
Анкетите покажуваат и дека министерот Оливер Спасовски е министер со најголема доверба кај граѓаните. Иако во другите држави ова е реткост, во нашата држава министерот што го предводи МВР е најпопуларен министер.
Дека криминалитетот постојано се намалува, говорат и податоците кои неодамна ги соопшти министерот Оливер Спасовски дека во првото полугодие за оваа година има намалување на вкупниот криминалитет во државата за 12.9% во споредба со истиот период лани. Ова секако дополнително влијае на зголемување на довербата на граѓаните во полицијата.
