Нудат месечни плати до 10.000 евра: Медицински установи од КУВАЈТ бараат медицински кадар од Македонија

Нудат месечни плати до 10.000 евра: Медицински установи од КУВАЈТ бараат медицински кадар од Македонија

26. 11. 2019.

Плата до 10.000 евра, можност за работа со најсовремена опрема и вклучени надоместоци за транспорт, храна и останати потреби!

Quintessential Solutions International во рамките на својот нов проект со Dhaman – кувајтска компанија за здравствено осигурување која е основана со Министерска уредба, како дел од планот за развој на Државата Кувајт, објави оглас за три можности за работа во медицински установи во Кувајт со одлични услови за работење и најсовремени медицински апарати, можности за доедукација и надоградба со нови техники и методи на работа, како и работа во интернационални тимови.

Отворени се три работни позиции:

Лекар – Специјалист по семејна медицина (English Speaker)

Помлад специјалист по семејна медицина (English Speaker)

Општ лекар по семејна медицина (English Speaker)

QUINTESO нуди:

  • Компетитивна основна плата на светско ниво, како и вклучени надоместоци за транспорт, храна и останати потреби.
  • Полно работно време.
  • Одлични услови за работа со најсовремени медицински апарати, доедукација и професионална надоградба, одличен интернационален тим.

ПЛАТА:

  • Општ лекар = 3200 – 5200 евра
  • Помлад специјалист = 4200 – 6700 евра
  • Лекар Специјалист = 6200 – 10000 евра

Ако сте заинтересирани, погледнете го целиот оглас и пријавете се!