Vrabotuvanje.com - Медицински кадар во Кувајт - Кувајт - Quinteso
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Медицински кадар во Кувајт

Кувајт

Рок за пријавување:

  • Quinteso

Quintessential Solutions International е интернационална компанија чие портфолио опфаќа финансиски услуги, консултантски услуги и услуги за регрутирање. Соработуваме со реномирани светски компании од медицинскиот, фармацевтскиот, финансискиот и ИТ секторот. Во рамките на нашиот нов проект соработуваме со Dhaman – Кувајтска компанија за здравствено осигурување која е основана со Министерска уредба, како дел од планот за развој на Државата Кувајт. Даман е структуриран како субјект со јавно-приватно партнерство и капитал од околу 800 милиони американски долари во ко-сопственост на Кувајтскиот инвестициски фонд и јавната установа за социјално осигурување, групата „Араби холдинг“ граѓаните на Кувајт. Затоа, објавуваме три можности за работа во медицински установи во Кувајт со одлични услови за работење и најсовремени медицински апарати, можности за доедукација и надоградба со нови техники и методи на работа, како и работа во интернационални тимови.

Одговорности на лекарот по семејна медицина:
Лекарот по семејна медицина е одговорен за дијагностицирање и третман на пациенти во примарниот здравствен центар со спроведување на потребен преглед и третман, прибирање и преглед на медицинска историја, препишување дијагностички тестови, препишување на лекови и, доколку е потребно, упатување на специјализирани лекари.

1. ЛЕКАР-СПЕЦИЈАЛИСТ ПО СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА (ENGLISH SPEAKER)

Клучни одговорности и должности:

  • Соодветно искуство и компетентност во сите аспекти на семејната медицина.
  • Способност за ефективна комуникација со пациенти, семејства, медицински сестри, доктори и останат медицински персонал.
  • Демонстрирана посветеност за континуирано медицинско образование.
  • Демонстрирана можност за обезбедување квалитетна грижа за пациентите.
  • Демонстрирана посветеност за подобрување на квалитетот за подобри здравствени резултати.
     
Потребни услови:

  • Диплома од медицински факултет и специјализација по Семејна медицина.
  • Течно зборува и пишува англиски.
  • Валидна лиценца и членство во лекарска комора.
  • Најмалку 9 годишно искуство во областа, од кои 3 години по специјализацијата.
  • Лидерски вештини и внимание на деталите.
  • Одлични интерперсонални вештини и способност да гради тим.
  • Комуникациски вештини, аналитички и вештини за управување со времето.

2. ПОМЛАД СПЕЦИЈАЛИСТ ПО СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА (ENGLISH SPEAKER)

​Клучни одговорности и должности:

  • Да обезбеди соодветна медицинска, превентивна и рехабилитативна здравствена заштита на пациентите во согласност со најдобрите расположливи податоци, гарантирајќи дека испорачаната нега е квалитетна, водена од вредностите и во рамките на регулативата на работодавачот.
  • Одговорен за давање услуги за анализа, дијагностика и третман на примарна нега на пациенти, како и упатување на специјализирани лекари.
  • Способност за ефективна комуникација со пациенти, семејства, медицински сестри, доктори и останат медицински персонал.
  • Одговорен за препишување дијагностички тестови во најдобар интерес на пациентот (на пр. лабораториски тестови, радиолошки испитувања и други дијагностички процедури).
  • Ја прибира, прегледува и употребува на медицинската историја, записите, извештаите, резултатите од тестови или наодите за правилно дијагностицирање на проблемите.
  • Препишува соодветни лекови со правилна доза, препорачувајќи превентивна нега и унапредување на здравјето.
  • Соодветно се справува со основни медицински третмани, како што се инјекции, мали операции, имунизација, превојување на рани и шевови и слично, и ја надгледува грижата за пост-третманот која ја пружа медицинскиот тим.
  • Да се препознае сопственото ограничување при тешките случаи, како и да се обезбеди соодветно лекување според секој случај и да се пријават тешки случаи на релевантни засегнати страни, без да се загрози безбедноста на пациентите.
  • Да се даде соодветно советување на пациентите за диета, исхрана, вежбање и други навики на живот за да се спречи или зајакне закрепнувањето од болести.
  • Да изведува клинички консултации за идеално исполнување на сите задачи на консултацијата, како што е соодветно.
  • Да ги документира сите средби со пациентите, медицинската нега и дадените совети во рамките на соодветното електронско медицинско досие и во согласност со стандардите за управување со најдобри практики за медицински записи.
  • Да подготви извештаи за резултатите од прегледот на пациентите и медицински третмани,  во согласност со законските регулативи.
  • Да ги следи ги состојбите на пациентот, напредокот и повторната проценка на третмани по потреба според најновите препораки засновани на докази и на економичен начин без да ја загрози безбедноста на пациентите.
  • Да се придржува до најновите локални и меѓународни медицински упатства и препораки засновани врз докази за време на консултација и третман на пациентите со цел најдобар интерес и безбедност на пациентите.
  • Да ги спроведува и да се усогласи со идни должности и одговорности во согласност со решенијата на работодавачот, како и да предлага и изнаоѓа решенија за проблеми со цел подобрување на работното опкружување.
     
Потребни услови:

  • Диплома од медицински факултет и специјализација по Семејна медицина.
  • Течно зборува и пишува англиски.
  • Валидна лиценца и членство во лекарска комора.
  • Најмалку 5 годишно искуство во областа, од кое 2 години по специјализација.
 
3. ОПШТ ЛЕКАР ПО СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА (ENGLISH SPEAKER)

  • Најмалку 5 годишно искуство во областа.
     
QUINTESO нуди:

  • Компетитивна основна плата на светско ниво, како и вклучени надоместоци за транспорт, храна и останати потреби.
  • Полно работно време.
  • Одлични услови за работа со најсовремени медицински апарати, доедукација и професионална надоградба, одличен интернационален тим.
     
Плата:

  • General Physician = 3200 - 5200€
  • Registar = 4200 - 6700€
  • Specialist Family Medicine = 6200 - 10000€
     
Кандидатите потребно е да го достават своето CV, (кратка биографија на англиски јазик со фотографија), документи за завршено образование, лиценца, потврда за работно искуство преку полето Брза Апликација

QUINTESO го задржува правото да ги контактира избраните кандидати за понатамошните фази на вработување.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на прегледувањето на страницата се согласувате со употребата на колачиња. Повеќе за тоа можете да прочитате овде