Vrabotuvanje.com - Медицински претставник - Територија на Р.Македонија - Lohmann & Rauscher
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Медицински претставник

Територија на Р.Македонија

Рок за пријавување:

  • Lohmann & Rauscher

Lohmann & Rauscher е Австриско-Германска компанија стара повеќе од 160 години, која е глобален лидер во производство и достава на медицински производи, како облоги за современ третман на рани, компресивна терапија и производи за операциона сала со повеќе од 5.500 вработени, 49 официјални претставништва, 1200 дистрибутери и извоз во повеќе од 75 земји во светот. Поради динамичен раст и развој на интернационалната продажба бара: 

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

Чии што задачи ќе бидат:

  • Често патување низ државата
  • Работа и контакти со медицински персонал
  • Посета на здравствени домови, болници, клинички центри и аптеки
  • Работа во ОП сала
  • Менаџирање со KOL’s
  • Сигурно имплементирање на стратегијата на L&R и неговите производи во регионот
  • Организирање и учество на презентации, едукации, конгреси, семинари, Team Buildings
  • Подготување извештаи за работа со клиенти
  • Раст и развој на пазарот, остварување на продажни цели дефинирани согласно бизнис планот
  • Kанцелариско работење

Бараме кандидати кои:

  • Го познаваат пазарот со медицински средства и неговите механизми
  • Се ориентирани кон постигнување и остварување на зададени цели, проактивни се и имаат претприемнички пристап
  • Сакаат да патуваат низ регионот и да градат кариера во интернационална компанија
  • Поседуваат возачка дозвола Б категорија и се активни возачи
  • Со и без работно искуство

Предност имаат кандидати кои по професија се: 

  • Медицински сестри, доктори по медицина, фармацевти, стоматолози, доктори по ветерина
  • Имаат работно искуство во индустријата од минимум 1 година
  • Добро го познаваат англискиот јазик

Доколку ги исполнувате горенаведените критериуми, би сакале да Ви понудиме работна позиција со надпросечни услови, во брзорастечка динамична и просперитетна средина.

Сите алати за работа, како електронски уреди, возило и едукација ќе бидат обезбедени од страна на компанијата.

Ве молиме пратете то вашето СV на англиски јазик преку полето
Брза Апликација.

Контакт телефон: +389 71249543

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде