Мастерклас со Skip Bowman во склоп на HR Days конференцијата во Ровињ

Мастерклас со Skip Bowman во склоп на HR Days конференцијата во Ровињ

12. 08. 2021.

Бидете дел од најголемиот регионален собир за HR професионалци кој на 22 и 23 септември 2021 година ќе се одржи во Ровињ, Хрватска!

Skip Bowman, роден во Австралија, е организациски консултант кој им помогнал на неколку големи компании и глобални лидери со културни промени и подобрување на работната средина. Како еден од водечките говорници во Европа за growth mindset и развој на лидерството, тој ќе биде дел од овогодинешната HR Days конференција во Ровињ, во организација на нашиот партнер МојPosao - првиот и водечки портал за вработување во Хрватска.

Skip Bowman e cпецијалист по организациска психологија и извршен директор специјализиран за трансформирање на начинот на размислување и развој на лидерството. Неговата мисија е да ги направи организациите безбедни, но и одлични места за работа.

Покрај добриот хумор и ентузијазам, Skip Bowman ви носи научно докажани и применливи алатки за градење тимови и организации кои произведуваат поголема вредност и создаваат иновации.

Откријте како изгледа програмата за промени инспирирана од Growth mindset-от? Кои се предизвиците во спроведувањето на Growth mindset-от во тим или организација и кои се заканите што не ги ни очекувате? Како да се справите со некои од класичните форми на отпор при трансформирање на Growth mindset-от?

Не пропуштајте да се дружите со уникатниот Skip Bowman и да ги дознаете одговорите на овие и многу други прашања.

Котизацијата за регистрација на овој мастерклас вклучува интерактивна работилница со Skip Bowman и ВИП вечера во хотелот Гранд Парк на 22 септември и учество на конференцијата за човечки ресурси на 22 и 23 септември 2021 година.

Бројот на места е ограничен!

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО