Локално овие процеси ќе бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, додека попладне ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.
Потоа за време на викендот, како и во првите денови од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека за време на викендот на планините врнежите ќе бидат од снег, а ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува и засилен ветер од југозападен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен, додека пад на истите и посвежо време се очекува од недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.
извор: slobodenpecat.mk

