„Од МВР информираа дека тој се сомничи дека довел во заблуда лице од Штип, лажно претставувајќи се како вработен во МВР, и му ветил дека може да му извади лиценца за обезбедување и возачка дозвола без полагање, при што во два наврата му земал вкупно 1782 евра. При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
извор: fokus.mk

