Овој план Макрон го претстави на почетокот на декември и првично беше наменет за млади од 18 до 25 години, но по критиките тој беше проширен и на малолетници.
Мерката за бесплатна контрацепција, вклучувајќи апчиња и спирали, за жени до 25 години е на сила веќе една година, а претходно право на бесплатни апчиња за контрацепција имаа и девојките до 18 години.
Со оваа иницијатива, Макрон се обидува да го реши проблемот со сексуалното здравје кај младите.
За сексуалното образование, Макрон рече дека Франција не се изразила и дека „реалноста е многу, многу далеку од теоријата“.

