ЈСП денес вози по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници

ЈСП денес вози по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници

19. 01. 2023.

Јавниот превоз во Скопје денеска ќе функционира по неделен возен ред поради верскиот празник Богојавление – Водици.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни од 6 до 13:30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

Ќе ве интересира: Можно е укинување на зелениот картон!?

извор: kanal5.com.mk