Германија и Италија најатрактивни за здравствените работници

Германија и Италија најатрактивни за здравствените работници

03. 04. 2023.

Земјава се соочува со недостиг на одредени профили на здравствени работници.

Земјава се соочува со недостиг на одредени профили на здравствени работници. Најмногу недостигаат медицински сестри, општи лекари и лекари специјалисти. Причините за недостигот се заминување во странство за повисоки плати и подобри услови за работа, како и заминување во пензија.

Можеби ќе ве интересира: Недостигаат работници во Куманово, ќе се бараат и од Филипините

Германија и Италија се меѓу најатрактивните земји за работа на нашиот медицински кадар. Според доктори и лица добро упатени со состојбата во здравството кај нас, токму овие две држави имаат најпримамливи работни услови за нашите лекари и медицински сестри.

Во поглед на тоа во кои земји најчесто заминуваат здравствените работници, наведуваат дека конкретно медицинските сестри најчесто заминуваат во Германија, Швајцарија и Италија, а во последно време и во Хрватска.

Извор: biznisvesti.mk