Околу 20 часот, вредноста на AQI-индексот била највисока во Кавадарци (352), Струмица (339) и во Тетово (338).
Особено се високи концентрациите на опасните ПМ2,5-честички, а вредностите се и 20 пати повисоки од максимално дозволените. Ова, според Светската здравствена организација, е загадување кое може да предизвика проблеми и кај целосно здрави луѓе.
Хронично болните и луѓето кои веќе имаат какви било респираторни заболувања во вакви услови би морале да останат во затворен простор.
Инаку, вчера утрината Скопје беше втор најзагаден град во Европа.
