„Со длабока тага потврдуваме дека Северна Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме“, објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата „Икс“.
Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.
Последниот настап на Евровизија на Македонија беше во 2022 година.
