Како да го отклучите телефонот кога ќе си ја заборавите лозинката

Како да го отклучите телефонот кога ќе си ја заборавите лозинката

08. 10. 2019.

Доколку го заклучите екранот на телефонот како би спречиле неовластен пристап до неговата содржина со PIN-код, шифра или патерн, постои можност да заборавите на истиот. Се прашувате што тогаш? Имаме решение за вас! За Android 5.0 и нагоре:

1 Посетете го линкот google.com/android/devicemanager 

2 Пријавете се со Google профилот со кои сте го регистрирале вашиот уред кој е заклучен 

3 Ќе ја видите листата на сите свои уреди меѓу кои и тој што е заклучен

4 Селектирајте го уредот и ќе видите опции Ring, Lock и Erase. Кликнете Lock и внесете нова шифра по желба.

5 Зачувајте ја промената со кликнување на Lock.

За Android 4.4 и надолу: Овде процесот е многу поедноставен. Знаете дека доколку ја внесете погрешната шифра, PIN или патерн, после третиот пат ќе ви биде оневозможено повторно да се обидете во наредните 30 секунди.

1 Намерно погрешно внесете го PIN-от за да ви оневозможи повторно внесување за 30 секунди

2 Повторете го овој процес уште пет пати 

3 Потоа ќе добиете опција Forgot Pattern, Forgot PIN или Forgot password во зависност од тоа што користите

4 Ќе ви се појави опција да го потврдите својот вистински идентитет така што ќе се логирате на Google профилот

5 По логирањето ќе ви биде овозможено да го отклучите телефонот, а доколку не е така, Google во некои случаи испраќа и дополнителен активациски емаил за да потврди дека тоа на вистина сте вие.

Откако ќе го кликнете активацискиот меил вашиот телефон ќе биде отклучен.

извор: usb.mk