Скопје ќе добие „Бас рапид транзит“

Скопје ќе добие „Бас рапид транзит“

04. 12. 2019.

На вчерашната седница Владата даде поддршка за воведување БРТ или „Бас рапид транзит“ на територијата на град Скопје, кој претпоставува воспоставување коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен или хибриден погон (гас и електромотори).

Овој систем на коридори, популарно нареченото автобуско метро, ќе овозможи траса која е физички издвоена од другите учесници во сообраќајот, со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето, велат од Владата.