Но, средното копче може да биде користено за уште многу работи, само голем дел од луѓето не се свесни за тоа.
Испробајте ги следните 7 функции во пребарувачите Chrome и Firefox.
1. Среден клик на стрелката за враќање назад – ја отворате претходната интернет страница во нов таб.
2. Среден клик на стрелката за напред – ја отворате следната страница во нов таб.
3. Среден клик на копчето “Refresh” – отворате “освежена” верзија од страницата на која сте во нов таб.
4. Среден клик на копчето “Home” – ја отворате основната страница во нов таб.
5. Среден клик на “Auto-Suggest” додека внесувате одредена интернет адреса во полето за пребарување – ја отворате таа претрага/резултат во нов таб.
6. Среден клик на “Bookmark” – отворате “bookmark” во нов таб.
7. Среден клик на групата “Bookmark” – ги отворате сите “bookmark” страници во нови табови.
Знаете уште некој трик? Споделете го со нас!

