Ви недостига канцеларијата? Го знаеме одговорот, исто и нам! Но, можеби ќе се чувствувате подобро ако барем неколку минути ги слушнете и се потсетите на секојдневните звуци кои до вчера го доминираа вашето работно опкружување.
Агенцијата Kids Creative направи веб страница каде што можете да ги слушате секојдневните канцелариски звуци додека работите од дома.
Најпрво, потребно е да го внесете бројот на колеги, а потоа ги кликате елементите за да ги слушнете нивните звуци.
Во позадина слушате звуци од чекори, пишување на компјутер, принтање, полнење вода од апарат за вода итн.
Сакате да се обидете? Кликнете на линкот: imisstheoffice.eu

